На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира Автомотосјузот на Македонија, во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.
Изутрината на ГП „Табановце“ за излез од државава се чекаше 40-ина минути, со огле ддека како и во текот на вчерашниот ден македонски државјани се упатија во Србија за да се вакцинираат.
Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правцни надвор од градските средини е умерен.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.