Иако пред два дена постигна гол, негов прв официјален во дресот на Ним, македонскиот фудбалер Влатко Стојановски, нема да добие шанса да настапи на наредниот натпревар на Ним во француската лига.
Стојановски погоди од пенал во куп мечот со Ленс, но утревечер против Рен, нема биде ниту меѓу резервите, туку средбата ќе ја гледа од трибините.
Конкуренцијата во нападот на Ним е силна, имаат шест офанзивци кои добија предност во однос на Македонецот, но тренерот Бернар Блакар, можеби не требаше баш сега да го изостави нашиот напаѓач, кога е полн со самодоверба и мотивиран да го даде својот прв гол и во лигата.