Министерот за јавна администрација Горан Минчев, смета дека инцидентите со знамињата пред неколку дена, се сценарио на ДУИ и на СДСМ, со едните да бараат интерпелации, а другите лидерска средба.
Еве што рече Минчев во „Клик Плус“ на ТВ21 кој ќе се емитува вечерва.
„Овие интерпелација се дел од политичкиот фолклор, и ако е причина ова што се случуваше пред неколку дена со знамињата, сакам да кажам неколку работи. Прво мислам дека е сценарио креирано од ДУИ, но и од страна на СДСМ. Одбрале ден кој е посебен за заедничката заедница, кој е многу битен за нашите сограѓани, во кој што се обиде одредена структура во рамки на овие две политички партии, се обидоа да исценираат политичка криза. Бидејќи е дел од едно сценарио, и не знаејќи што ќе се случува на реакција на МВР, беше договорено СДСМ да побара лидерска средба, а тоа нема потреба, и се најдовме во ситуација на беспредметни интерпелации“, рече Минчев.