Премиерот Милош Вучевиќ денеска изјави дека е постигнат договор минималната плата да изнесува 13,7 отсто, т.е. 308 динари на час (53.592 динари месечно).
Тоа значи дека минималната плата ќе изнесува 53.592 динари месечно (28 174 денари).
– Со гордост можам да ја информирам јавноста дека по шест години постигнавме договор за тоа колкава ќе биде минималната плата. По шест години Владата нема еднострано да донесе одлука. Зголемувањето на минималната плата изнесува 13,7 отсто, 308 динари на час, 53.592 динари месечно. Минималната плата во 2025 година ја покрива минималната потрошувачка кошничка, тоа се случува за прв пат. Повторно двоцифрен пораст – изјави Вучевиќ по седницата на Социјално-економскиот совет.
Министерот за финансии Синиша Мали вели дека е горд што постигнале договор со консензус.
– Направивме одлична работа. Ова исто така ќе има големо влијание врз преговорите во наредните години. За следната година ќе ја зголемиме минималната плата за 13,7 отсто, вредноста на работниот час ќе се искачи на 308 динари, минималната плата ќе биде 457 евра, 53.592 динари. Тука сме целосно динамични. Со ова темпо до крајот на 2027 година ќе имаме минимална плата од 670 евра. Преку ова ниво на минимална плата ќе го покриеме и нивото на минималната потрошувачка кошничка. Таа цел ја исполнивме – вели Мали.
Да потсетиме, српскиот претседател Александар Вучиќ во понеделникот изјави дека негово барање до Владата е минималната плата да се подигне на речиси 14 отсто, за првпат минималната плата да ја покрие минималната потрошувачка кошничка.
Преговорите за минималната плата за 2025 година почнаа на 15 август.