Владејачката унгарска партија Фидес ја предложи Каталина Новак, актуелна министерка за семејни прашања, за кандидат за иден претседател на државата, изјави денеска премиерот Виктор Орбан.

Таа се огласи на Фејсбук и потврди дека ја прифатила номинацијата, изразувајќи подготвеност „да ја претставува Унгарија со вера, душа и да биде во служба на унгарскиот народ со целото свое срце“, пренесува агенцијата МТИ.

Вториот мандат на актуелниот претседател Јанош Адер истекува на 10 мај следната година, а според Уставот на Унгарија не може исто лице трипати да биде избрано за претседател, поради што Орбан изрази жалење.