Светите Кирил и Методиј денеска се чествуваат и во Бугарија каде 24 мај важи за ден на „бугарската азбука, просвета и култура“.
Во Софија се одржа свечена поворка на која учествуваше државно – политичкиот врв.
Шефот на државата Румен Радев во својот говор истакна дека достоинството на едно општество е поврзано со знаењето. „Само тој што ја знае цената на незнаењето може да се плаши од незнаење“, изјави претседателот.
Министерот за образование Галин Цоков изјави дека 24 мај е најбугарскиот, најобединувачкиот и најсветлиот празник.
Илјадници граѓани се собраа во центарот на главниот град на Бугарија за да ја проследат поворката.
Инаку комисијата за ревизија на историјата која беше формирана како резултат на договорот за добрососедство донесе заклучок дека двете држави, и Македонија и Бугарија треба заеднички да го одбележуваат денот на светите браќа.