Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави на својот профил на Фејсбук за годишнината од загинувањето на македонскиот народен херој Христијан Тодоровски-Карпош од „фашистички куршуми“, но не го наведе непријателот и окупаторот.

Спасовски не посочува дека Карпош загинал од фашистички бугарски куршуми, туку употребува еуфемистички израз „фашистичкиот куршум на непријателот“.