Актуелниот министер за земјоделство и поранешен вицепремиер за антикорупција денеска ја објави можеби најкратка објава на својот профил на Фејсбук.

– Крива Паланка не обединува сите, објави Николовски и додава само срце до објавата.

Инаку, ќе остане запаметен по откривањето на неколку канти путер со изминат рок на употреба додека беше вицепремиер за антикорупција во бладата на бившиот премиер Зоран Заев.

Деновиве, пак, медиумите пишуваат за сомнителна дозвола која ја дало министерството кое го раководи за извоз на дрва од Македонија, кратко пред да биде воведена забраната за извоз.

А тоа што според Николовски „не обединува сите“ е фестивал и концерт во Крива Паланка, за кој спорен беше настапот на српската турбо-фолк ѕвезда Аца Лукас. Како што е познато, Николовски е кривопаланчанец, па во објавата има малку и локал-патриотизам.

Подоцна министерот Николовски објави и проширена објава за „обединувачкото“ од Крива Паланка, за кое заслуги има и господинот Лукас.