Министерот за здравство Беким Сали денеска изјави дека тоа што во земјава се бележат високи бројки на починати од ковид-19 се должи на методологијата и различниот пристап за регистрирање на починатите од оној што го користат другите земји.

-Можеби сме од државите кои имаат поголем број на починати, меѓутоа не значи дека сме здравствен систем кој што не ги згрижил тие лица. Во околните земји има други резултати кои што се многу помали, меѓутоа таму методологијата за регистрирање на починати уште од самиот почеток е различна. Не би требало да не збунува зошто кај нас има 8000, а во останатите земји по 2-3000 смртни случаи. Нашите институции уште од самиот почеток сакале да бидат транспарентни колку се со последици од Ковид-19. Тој сам по себе комплицира и може да биде причинител на смрт, рече Сали на прашањето околу големиот број починати од ковид-19 во споредба со другите земји.