Министерот за здравство Фатмир Меџити, кој на таа позиција е дојден од редовите на Алијанса за Албанците, го сподели статусот на претседателот на неговата партија Арбен Таравари, во кој тој вели дека ќе оди со албанската опозиција, слушајќи го, како што рече, гласот на граѓаните.
Како што е познато, протов Таравари застанаа Зијадин Села и министерот за правда Кренар Лога.
Со ова министерот за здравство Фатмир Меџити застанува на страната на Таравари, а наспроти Лога и Села.