Речиси 500 руски војници се убиени од почетокот на војната во Украина, соопштија официјални лица од одбраната на Русија.
-Загинаа 498, а уште 1.597 се ранети во изминатите седум дена, тврди руското Министерство за одбрана во својот прв извештај за воени жртви откако земјата го нападна својот источноевропски сосед минатата недела.