До Министерството за правда не е доставено барање за добивање позитивно мислење во постапката за регистрација на здружението ,,Цар Борис Трети”, информираат од Правда по реакциите во јавноста за постоење на уште едно здружение во државата кое носи име на соработник на фашистите. Оваа невладина организација е регистрирана лани во ноемеври со седиште во Охрид, а како сопственици се 7 лица.

Од Еврејската заедница велат дека по формирањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, ова здружение кое го носи името на Борис Трети во Охрид, за нив е уште една провокација.