Во текот на денешниот ден, до 13 часот, 28 деца примиле МРП вакцина, а досега се вакцинирани вкупно 1.018 деца.

Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), соопшти Министерството за здравство.

Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, денеска и утре ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19 часот. В понеделник, на 7 јануари, овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13 часот.