Министерството за здравство во врска со информациите дека кај добитокот во делови од Македонија се појавила заразата антракс, соопшти дека нема заболени граѓани од антракс.
– Ситуацијата внимателно се следи и се постапува високо стручно по најсовремени светски протоколи. Преземени се сите потребни мерки за превенција со профилакса од антракс, стои во соопштението на Министерството.