Министерството за здравство соопшти дека преку Здружението „Момент плус“, било информирано за состојбата на пациентот, кој пред неколку дена почина од пулмонална хипертензија.
– Иако за пациентот, министерот за здравство Венко Филипче, обезбеди лекови, за жал поради неговата претходно влошена здравствена состојба, тој воопшто не дошол да ја прими терапијата и починал. Напоменуваме дека пациентот не боледувал исклучиво од пулмонална хипертензија, која ја сметаме за ретка болест, и за оваа болест Министерството ги има обезбедено сите лекови кои се потребни за третман и лекување, туку таа била само последица од неговите примарни кардиолошки заболувања, стои во соопштението.
Од Министерството посочуваат дека во моментов во Македонија има шест пациенти со ваква ретка болест и за сите нив се обезбедени терапиите кои им се неопходни.
За сите пациенти кои ја добиваат оваа болест како последица од други заболувања, овие лекови ќе бидат достапни на позитивната листа. Измените на позитивната листа на лекови се во тек и се во собраниска процедура, наведуваат од Министерството за здравство