Кренар Лога од Алијанса за Албанците, кој веќе беше виден како со партискиот претседател Арбен Таравари, оди на средба во Владата за евентуално проширување на коалицијата, е фаворит да биде нов министер за правда.
Станува збор за член на Државната изборна комисија, правник од Струга, кој учел за дипломатија и дипломирал на Штуловиот факултет.
Засега, тој вели, дека не може да ја потврди информацијата и дека медиумите ќе бидат навремено известени за секоја промена, како и дека не може да зборува предвреме бидејќи не е дел од преговарачкиот процес помеѓу Алијасна за Албанците и власта.
На ваквата можна промена, своедно видно незадоволство го искажа актуелниот министер за правда Никола Тупанчевски, но додаде дека не се оптоварува со тоа и дека ќе го даде својот максимум до самиот крај додека е на функција.
– Едно од министерствата ќе биде ставено на „Пазар 3“, на „берза“, за рокади на министерстките места. Не сме оптоварени и брзата промена на министри не сум сигурен дека претставува најдобро решени, искоментира Тупанчевски.