МВР најостро ги демантира објавите на некои портали за наводен упад на МВР во една од скопските телевизии.
Полициски службеници од Министерството за внатрешни работи во текот на денот немале апсолутно никакво физичко присуство во споменатата телевизија, ниту преку своето одделение за организиран криминал, како што се наведува во текстот, ниту од било која друга организациска единица во МВР, па оттаму небулозни се шпекулациите дека станува збор за “системски притисок” или дека “МВР сака да има увид во програмската шема на телевизијата” што, секако, нема допирни точки со надлежностите на МВР.
Министерството за внатрешни работи постапува исклучиво по наредба на јавен обвинител и кога ќе се добие наредба за вршење проверки, по неа се постапува согласно законските надлежности – стои во демантот.