Министерството за здравство ќе остане кај Алтернатива, а Алијансата за Албанците ќе добие две министерства, објави ТВ 21.
Според нивните извори, „Министерството за здравство и останува на Алтернатива, а Алијансата за Албанците ќе ги преземе Министерството за правда и уште едно друго министерство. Размена на ресори ќе се изврши меѓу ДУИ и СДСМ, односно се очекува ДУИ да го даде Министерството за образование, или за животна средина, во замена на Министерството за правда, кое ќе го добие Алијансата за Албанците.