Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со неговиот колега од Турција Јашар Гулер, потпишаа Рамковен договор за воена соработка во име на македонската и турската влада, со кој се потврдува и унапредува одличната одбранбена соработка.
-Денеска во Истанбул со мојот колега министерот за национална одбрана на Република Турција, Јашар Гулер потпишавме Рамковен договор за воена соработка во име на македонската и турската влада со кој ја потврдуваме и унапредуваме одличната одбранбена соработка, информира Мисајловски и додава:
„Нашата долгогодишна и сеопфатна соработка се темели на вземна доверба, силно пријателство и меѓусебна поддршка, а овој договор е уште една алатка за унапредување на нашата соработка во многу сегменти на одбраната.
Упатив голема благодарност до Република Турција која има голем придонес во опремувањето и модернизацијата на Армијата со нови, најсовремени средства, компатибилни со стандардите НАТО“.