Кирил МИНОСКИ
-Економски развој и институции – Нобелова награда за економија за 2024 година
Нобеловата награда за економија оваа година ги истакнува значењето на институциите и важноста на транспарентноста и отчетноста за економски раст. Истражувањата на #Acemoglu, #Johnson и #Robinson покажуваат дека силни и независни институции ги поттикнуваат инвестициите, иновациите и економскиот развој, додека корупцијата ги подрива економските основи.
– Во Македонија, борбата против корупцијата останува еден од клучните предизвици за стабилен развој. Корупцијата создава опкружување во кое напредокот на младите и талентираните е потешко остварлив, што води кон иселување и слабеење на економската база.
– Ваквата состојба бара континуирана посветеност кон антикоруптивни практики и институционални реформи што ќе ја поттикнат слободната конкуренција и просперитетот.
Затоа, неопходни се институции кои ќе функционираат во интерес на сите граѓани, а не на тесни кругови. Културата на „снаодливост“ и „неказнивост“ треба да биде искоренета, преку создавање професионални институции, кои се основа општество во кое компетентноста, етиката и моралот се водечки принципи.
– Доминантниот број на луѓе во нашата земја веќе ги поседува овие вредности; само треба да им се даде поддршка и простор за да се истакнат. Само со силни институции, се обезбедува просперитетна иднина и стимул за враќање на иселените!