Фудбалерите на Џирона се радуваа убедливо во дуелот со Еспањол (4-1) во натпреварот од 14. коло на шпанската Примера.

Ова беше најдобриот натпревар за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, кој конечно го скрши мразот и даде деби-гол во шпанското првенство. Штипјанецот беше двоен стрелец и забележа асистенција во триумфот на неговата екипа.

Прво во четвртата минута Миовски го намести голот на Брајан Хил за 1-0. Следеше „блиц-криг“ на Македонецот. Бојан Миовски стрелаше по две асистенции на Хил за 2-0 и 3-0 во 16. и 21. минута.

Брзо потоа погоди и Крејчи за огромна предност на Џирона, а конечниот резултат го постави Пуадо на стартот на продолжението.