Вие мене, ниту на моите сограѓани, не можете никогаш да им кажете дека зборуваат на погрешен јазик, му одговори пратеничката од НСДП Соња Мираковска на бугарскиот пратеник Александар Јорданов во Советот на Европа. Му рече дека е Македонка и дека тоа е нејзиниот идентитет.
„Јас сум Македонка, зборувам на македонски јазик, живеам во Македонија сега наречена Северна Македонија. И тоа е мојот идентитет“, изјави Мираковска.
Таа посочи дека проблем на Бугарија е што издавала бугарски пасоши на нелегален начин и заведени на адреса на една бандера.
Јорданов рече дека за да Македонија реално ги почне преговорите со Европската Унија(ЕУ) најпрво треба да го промени Уставот и Бугарите да влезат во него.
Како што е веќе објавено, утре во Охрид ќе се отвори бугарски клуб именуван со Цар Борис Трети, поради што е закажан протест. За да го оправда овој историски лик, бугарскиот шеф на дипломатијата Никола Милков рече дека за нив е проблем што гимназија во Скопје го носи името на Јосип Броз Тито.
Видеото може да го отворите ТУКА.