Албанската мафија презела контролата врз пазарот на кокаин во Велика Британија, обајви британски Мирор и додава дека тој пазар е со вредност од над пет милијарди фунти.
Таа мафија полека го презеде пазарот во Велика Британија, откако голем број Албанци се преселија во Велика Британија по падот на комунизмот во Албанија во 1990 година, се вели во написот.
Се нагласува дека сега „застрашувачките криминалци” го контролираат целиот пазар во Велика Британија со кокаин кој е најевтин од 1990 година, а најчист во последните 10 години.
Преземањето на пазарот дојде со начинот на кој албанската мафија или, како што се нарекуваат „ Mafia Shqiptare,” се однесува – отфрлање на посредници, почнаа да комуницираат директно со колумбиските картели, и тоа овозможи пониски цени и поголема чистота на кокаинот на пазарот.
Поради ова, сега Британија се соочува со најголем број на млади корисници на кокаин во Европа. Мирор вели дека во таа империја постои една мала банда – Helbanianc која владее so дел од источeн Лондон.
Оваа банда има дури и свој Инстраграм профил со 115.000 следбеници, но беше затворена во ноември минатата година.