Баба Ванѓа, позната и како „Нострадамус од Балканот“, предвиде дека американскиот претседател ќе страда од „мистериозно заболување“ во 2020 година. Ова го објави британскиот весник „Мирор“. Не е прецизирано пред кого е направено усното предвидување.
Изданието тврди дека слепата мистична гатачка Баба Ванѓа ја предвидел судбината на американскиот претседател Доналд Трамп. Според предвидувањата, оној што ќе ја преземе функцијата во 2020 година ќе страда од „мистериозна болест“ што ќе го остави глув и со тумор на мозокот.
Медиумите ги поврзаа зборовите на Ванѓа со позитивниот тест за коронавирус на Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија.
„Мирор“ тврди дека други нејзини предвидувања се за Брегзит, нападите од 11 септември 2001 година и цунамито во Тајланд, и дека предвидувала сè до нејзината смрт во 1996 година.
Британскиот дневен весник ги запознава своите читатели со баба Ванѓа.
Таа израснала на фарма во Македонија, и била заслепена од бура од прашина. Ова, велат следбениците, и ’дало „второ видување“ што и овозможило да предвидува идни настани – од кои некои се неверојатно точни.
Во прогнозата за 1989 година, таа рекла: “Ужас, ужас! Американските браќа ќе паднат откако ќе бидат нападнати од челични птици. Волците ќе завиваат зад грмушката и ќе избувне невина крв”.
Ова беше протолкувано за ужасниот терористички напад врз кулите близначки на Светскиот трговски центар, кои беа погодени од два авиона на 11 септември 2001 година.
Баба Ванѓа никогаш не ги запишувала своите предвидувања и била сфатена толку сериозно што бугарската влада се консултирала со неа, пишува „Мирор“.
Сепак, не е точно сè што таа предвиде – на пример, не се случи нуклеарната војна помеѓу 2010 и 2014 година.