Остров во јужниот Тихи Океан којшто можеше да се види на „Гугл мапс“ ги збуни и научниците кои истражуваа што има таму. Имено, истражувачите не успеале да најдат ништо, пишува „Мирор“.
Чудниот појас копно, познат и како „Песочен остров“ (Sandy Island), долго време е мистерија. Се работи за темна точка меѓу Австралија и Нова Каледонија, која на „Гугл Ерт“ беше некако различна од другите oкoлни острови.
Но, истражувачите не пронашле ништо друго освен морски бранови, како и дека длабочините на океанот таму е повеќе од 1.400 метри и заклучокот гласи дека е невозможно да се крие нешто под вода што би било видливо.
– Сакавме да го провериме тоа, бидејќи навигациските карти на бродот покажаа длабочина на вода од 1.400 метри во областа, што е прилично длабоко. Тоа се појави на „Гугл Ерт“ и други мапи, па отидовме да провериме и – немаше остров. Ние сме навистина збунети, ова е прилично бизарно, вели Марија Сетон од Универзитетот на Сиднеј.
Гугл го отстрани тн. „Песочен остров“ од „Гугл мапс“.