Поранешниот специјален пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак вечерва за Танјуг изјави дека од 1 април ќе му служи како надворешен советник за стратешки прашања за надворешната и безбедносната политика на словачкиот премиер Роберт Фицо.

Од 2020 до 2025 година, Лајчак беше специјален пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан.

Од 2017 година е претседател на Генералното собрание на Обединетите нации, а претходно беше заменик премиер и министер за надворешни работи на Словачка.

Помеѓу 2007 и 2009 година, тој беше висок претставник на ОН за Босна и Херцеговина.