Видео од мироточење на плочата, на која било положено телото на Исус Христос во Ерусалим, се шири на социјалните мрежи. Најчесто слушаме за мироточење на икона, но, овој пат тоа се случило на плоча на која било ставено телото на Христос.

Мироточење е верски израз, кој опишува појава во која црковна икона, фреска, статуа (во католицизмот) испушта непозната течност налик на солзи (иако имало случаи на крваво мироточење) и оваа појава црковните претставници секаде низ светот ја опишуваат како божји знак и божје чудо.