ДУИ на секаде кога ќе искочи на сите можни телевизии, поготово таму каде нивното членство најмногу ги гледа, викаат дека сакаат избори веднаш, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во дневникот на Сител.
-Бујрум ДУИ на избори, ние ве каниме на избори да видиме кој ќе победи на следните парламентарни избори се разбира ако ги има јуни или јули, бидејќи ние тоа го бараме, па тогаш може подетално да правиме муабет на оваа тема, бидејќи секој знае во државаа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и Христијан Мицкоски ќе ја предводи новата влада и ова не го кажувам како потпретседател на партијата или слично, веќе е уморен народот од се што се случува, народот сака промени, истакна Мисајловски.
-Ќе кажам уште една работа, кога беше гласањето за недоверба на владата, не случајно не влегоа многу пратеници во собранието, бидејќи многу пратеници од коалицијата на СДСМ сакаат да има недоверба на влада, потенцираше Мисајловски.