Имав одлична можност да бидам дел од предавањата и размена на искуства во еден од најдобрите универзитети, University of Michigan, во Центарот за Европа и Евроазија, каде што разговаравме за сите актуелни теми од научен аспект, информираше на својот фејсбук профил Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Остваривме и многу интересни средби во Канцеларијата за имигрантски прашања и економска инклузија во градот Детроит, Царината и граничната заштита на САД, но и во Центарот за студии за мир и конфликти на Wayne State University и многу други институции и организации. Разговаравме за различни теми, но и добивме нови искуства и знаења, истакна тој.
Мисајловски посочи дека стекнал нови искуства, но и пријателства.
„Во рамки на Програмата за меѓународни лидери IVLP, организирана од американската влада, на покана на Амбасадата на САД во Македониja имав можност да поминам незаборавни три недели во повеќе држави и градови низ САД и можност да стекнам нови пријателства и искуства. Благодарен сум на поканата но и за ова ново искуство“ – посочи тој.