250 милиони евра директна помош за општините во Македонија, од кои 22 милиони евра ќе добие Општина Ѓорче Петров за капитални инвестиции предвидува програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во втората изборна единица, Владо Мисајловски објави дека во Ѓорче Петров интензивно се работи, се гради и се инвестира во секој дел од општината.
-Пролетната офанзива со градежните активности во Ѓорче Петров продолжува со засилено темпо и започнати се повеќе градежни работи:
– Изградба и реконструкција на 7 улици во Стопански двор;
– Изградба и реконструкција на 7 улици во Кисела Јабука;
– Изградба на нова детска градинка во Стопански двор;
– Изградба на ново игралиште во ООУ “Димитар Поп Георгиев Беровски;
– Изградба на мини фудбалско игралиште со вештачка трева;
– Втора фаза и започнување со последната фаза за целосна реконструкција со фекална и атмосферска канализација на улица Радушка;
-Изградба и реконструкција на нови улици во урбаниот и руралниот дел;
-Реконструкција на училиштата!
Ѓорче Петров се развива како никогаш досега! Честитки за градоначалникот Александар Стојкоски и општинската администрација за реализацијата на капиталните проекти во Ѓорче Петров, објави Мисајловски.
Нагласи дека со реални ветувања и нивна успешна реализација Македонија може да оди напред.
На граѓаните и порача да бидат дел од промените за Македонија да има подобра иднина.