Блокираме поради една причина да кренеме свест да го кренеме својот глас за тоа што се случува во позадина, за тоа што Заев и Бучковски го договараат и преговараат, а македонската јавност не знае ништо за тоа, ова денеска од блокадите во Скопје го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
-Затоа сме ние тука на улиците да го кренеме гласот, да покаже што стои на масата, дали се преговара повторно за македонскиот идентитет, дали се преговара за нацијата, за културата за јазикот и каков е тој патоказ, договор или што и да е. Сите ние сме за Европската Унија, но има нешто што е поважно од се, а тоа Македонија, македонската држава, нацијата, граѓаните и се разбира идентитетот и јазикот. Затоа повикуваме, да не прават погребни чекори. Ако се транспарентна влада како што најавуваа нека излезат пред граѓаните да покажат што има во тој договор или патоказ, велат од партијата.
Тој додава дека ние ќе бидеме на улиците и во следните денови и очекуваме власта да каже дали во нивната дипломатска мисија повторно се става идентитетот, јазикот културата на маса за тргување и дали Заев повторно изигрува трговец поединец и судбината на сите граѓани, без да знае никој тој да ја определува и тој да биде судија.