Денеска имаме една убава шанса и можност да посетиме повеќе населени места тука во Општината Гази Баба. Разговаравме со многу граѓани, разговаравме на сите реални теми. Бевме во Црешево, бевме во Виниче. Тука сега сме во Инџиково, во Питу Гули. И во други населени места каде што можевме да слушнеме од граѓаните многу проблеми. Но и она што се случува во изминативе три години. Граѓаните се незадоволни од ова што се случува, се револтирани од многу причини. Не само во оние ресори каде што власта секој ден слушаме какви прави погубни политики, но и она што најмногу го одземаа на граѓаните, а тоа е идентитетот, она македонското во сите нас, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски кој додаде:
„Гази Баба е Општина каде што си ја сака Македонија. Каде што се борат за Македонија и ќе продолжат тоа да го прават и во иднина, и секогаш ќе го прават. Они се бунат на неправдата, се гневни на тоа што се случуваше. И гневни се на сите политики на Заев, на сите министри од Владата на СДСМ и од Коалицијата. Можеме да видиме дека тука реалните проблеми се заборавени. Може да видиме дека нема капитални проекти, дека нема нови уличка, дека нема ниту еден багер, нема нешто да се сработи во општината. Затоа разговараме да ги слушнеме граѓаните и во нашата програма тоа да го ставиме. Да се потрудиме се она што ќе го ветиме во иднина да го реализираме бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е брендот каде што навистина утре ќе им помогне на граѓаните.“
-Затоа ќе се бориме, затоа насекаде во Република Македонија ќе допреме до сите граѓани да имаме средби, да направиме една голема победа во Република Македонија каде што потоа сите ќе видат дека ги решаваме нивните реални проблеми. Затоа и конечно на 12-ти април да ги тргнеме од власта и да дојде една свежа, нова позитивна енергија и се разбира со преродба односно со нови проекти и програма за Република Македонија, потенцираше Мисајловски.