Одбележуваме 25- годишнина од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG, еден од најзначајните проекти на Иницијативата за соработка на министрите за одбрана на Југоисточна Европа – SEDM, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Градењето на довербата помеѓу земјите членки на SEEBRIG започна со почитување на воспоставените вредности и принципи, а соочувајќи се со најразлични безбедносни предизвици заедно придонесуваме за одржување на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот и пошироко.
Да продолжиме да ги јакнеме нашите одбранбени капацитети и да ја јакнеме одбранбената билатерална и регионална соработка!, пишува во својата објава Мисајловски.