Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека најдобро е за вакви големи проекти да има јавна дебата и да се слушне секој.
-Мене многу ми е жал што не слушнавме мислење од Градежниот факултет, и мислам дека е една од најмеродавните институции во Македонија. Ние како пратеници во овој момент, најдобро е да поднесеме амандмани, но и да разговараме за сите овие закони, но најголемиот проблем е што они потпишале како власт договор што пратениците го немаат видено, вели Мисајловски.
Мисајловски меѓудругото истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не е против изградба на автопат, но не за на ваков начин и со ваков договор.
-Ние не сме против изградба на автопат, секој е одлична работа, но не на ваков начин и ваков договор, истакна Мисајловски.
Мисајловски, во своето гостување вечерва во емисијата „10 минути“ на ТВ21 го демантираше вицепремиерот Артан Груби, наводно дека имале средба за „Бехтел и Енка“.
-Не сме имале таква средба, средби во минатото сме имале на различни тематики, но за Бехтел и Енка немало, вели Мисајловски.