Владо МИСАЈЛОВСКИ
Дали за вас оваа ситуација е нормална ?
Со новата бројка од 62 заразени, нормално ли е Спасовски да истрча утрово со изјава дека избори мора да има на 5 јули?
Дали е нормално неговиот шеф Заев и нивното едноумие што инсистираа денеска дека треба и мора да се продолжат изборните денови за да тераме кампања ?
Дали изјавите дека е последна вонредна ситуација ќе биде последна бидејќи лицитирате со датуми за избори или во се ќе терате политиканство, а ќе се правите дека се грижите за здравјето на народот ?
Што се обидувате да направите, дали има еден разумен во таа партија да ве освести што правите и каде сте тргнале ?
Вие од власта ниту знаете што правите ниту знаете каде терате!!!
Ви посакувам добро здравје на сите вас и вашите семејства што имате симптоми на вирусот и пак ќе повторам дека оваа борба треба да ја водиме сите заедно и сплотени, а не со политика и политиканство.
Разум пред се и здравје над се !!!!