Денес во македонскиот Парламент се донесе една Резолуција за црвени линии за Македонија, за македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за културата и за традицијата. Во историјата на Македонија се донесе Резолуција која што Христијан Мицкоски ја понуди кон сите политички партии и денеска беше прифатена. Денеска ВМРО-ДПМНЕ испиша историја во македонкото Собрание и тоа благодарение на Христијан Мицкоски“, нагласи Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина во Прилеп наречена „Промоција на политики – Македонија за сите луѓе“.

Мисајловски додаде дека денеска се направи и партиско единство од сите политички партии бидејќи кога се работи за македонските црвени линии треба сложно да се делува.

Мисајловски потсети на неспособноста на власта.

-Најголем белег за неспособноста на власта е патот Прилеп – Градско кој се уште не е завршен. Претходната влада преводена од ВМРО-ДПМНЕ го потпиша договорот за изградба на овој пат, започна тогаш да се гради, дојдоа машините, имаше работници. Поминаа од тогаш скоро четири години можеби и повеќе, но патот тапка во место, нема ништо. А, пред неколку дена министерот од СДСМ со своите функционери дојде токму на овој пат да се сликаат како се работи на патот. Но, следниот ден по неговото сликање, нема никој, нема работници. А, тоа е доказ дека власта на СДСМ лаже дека нешто работат и реализираат за да се подобри животот на граѓаните.

„Власта предводена од СДСМ нема мрднато со прст за баш ништо. Единствен епохален проект кој што ќе биде запаметен во владеењето на СДСМ е кружниот тек во Струмица. Кружниот тек во Струмица им е малку полево од центарот им фатил. Такви се проектите на СДСМ, нема ништо, го запреа Кичево – Охрид, кажуваа дека им е утната трасата, министер од Прилеп, министер од Штип. Од СДСМ не знаат кај тераат. Се фалат со проекти, а немаат започнато ниту еден проект“, појасни Мисајловски.

Мисајловски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ветува нови проекти, реални проекти со кои навистина животот на граѓаните ќе се подобри.

„ВМРО-ДПМНЕ е позната по проекти, и ние то а што ќе го ветиме ќе го исполниме. Зборуваме за гасификација, зборуваме за дигитализација, зборуваме како помалку да има ред во Општината односно како помалку луѓето да чекаат ред и да бидат услужени веднаш први, да не чекаат многу, да има нормално работење“, укажа Мисајловски.