Овие неколку денови разговараме за овој предлог за уставен судија, не станува збор за никакви компетенции, не станува збор за никакви позитивни страни што ги има Добрила Кацарска. Јас ќе бидам искрен и отворен Добрила Кацарска добива награда зошто направи една многу важна работа, а тоа е промената на уставното име, таа беше дел што помогна да се смени уставното име на Република Македонија.
Ова денес од Собранието го порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
– Причината е да се затскријат сите оние постапки кои ги имавте вие од СДСМ односно вашиот лидер и тоа е дел како да се смени уставното име на Република Македонија и затоа е ова награда и тука нема компетенции. Не станува збор колку е квалитетна Кацарска и тоа сите добро го знаете дури ни вие не ја браните, туку кажувате зошто мора да биде. Но реалноста е сосема поинаква, награда за драконските казни што ги направил изминатиот период, знаете што се случува изминативе денови? Јас доаѓам од Ѓорче Петров, едно дете кое живееше во Ѓорче Петров кој се викаше Ангел беше убиено, а Врховниот суд ги ослободи тие луѓе од казна и со тоа се станува јасно во Република Македонија, рече Мисајловски.
-Со самото именување на Кацарска и со вакви одлуки на Врховниот суд, секој еден од нас, доблесно нека стане и нека каже СЛОБОДА ЗА ПАТРИОТИТЕ, СЛОБОДА ЗА ЧЕСНИТЕ ПАТРИОТИ. 300 години казна немало никаде во светот, тоа е таа ваша политика. Исто вака браневте и едни други ваши обвинители, специјални. И тие беа дел од приказната за промена на името, дури се фалеа на свои колеги дека направиле магистрална задача, помогнаа да се смени името на Македонија, порача Мисајловски.