Министерот за одбрана Владо Мисајловски по Теарце, продолжи во општина Јегуновце во едно од најубавите села Раотинце.

Тука, изборот е јасен, Димитар Костадиноски има најголема доверба и поддршка од народот! Диме е човек од збор, чесен, посветен и работлив. Секогаш на страна на граѓаните, секогаш со конкретни решенија. Затоа, победата во првиот круг е извесна и заслужена! Но, за да може Димитар да ја реализира својата програма во целост, потребна е и силна поддршка за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, објави Мисајловски.

Само заедно можеме да изградиме поразвиено, поубаво и подобро Јегуновце! Димитар Костадиноски е вистинскиот избор за Јегуновце. Заокружете број 9, потенцира во објавата на фејсбук.