Вчеравечер во Македонска Филхармонија, во организација на Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата, имавме можност да го проследиме традиционалниот предновогодишен концерт на Воениот оркестар на македонската Армија со музичари од оркестрите на Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД, потенцира министерот за одбрана Владо Мисајловски.

-Маестрален и инспиративен перформанс на целокупниот репертоар кој во една прекрасна и хармонична атмосфера на симболичен начин ни ја демонстрира воената дисциплина. Заедничката изведба на воените оркестри со дела од светски познати автори создадоа спектакуларен амбиент.

Голема благодарност до нашите познати македонски артисти кои изведувајќи неколку македонски безвременски и патриотски нумери дополнително предизвикаа бура од емоции кај присутните.