Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање од денешниот митинг кој се одржа во општина Чучер-Сандево, во рамки на изборната кампања чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локалните избори.

,,Чучер Сандево заслужува многу повеќе, заслужува многу подобро, заслужува чесна и домаќинска работа. Потребно е Чучер Сандево да има градоначалник кој ќе ги слуша и разбира граѓаните, кој ќе работи искрено и посветено без прани ветувања“, рече Мисајловски.

Според него, време е за промени во општината и време е да ја води човек кој со себе ја носи посветеноста и одговорноста која недостига во последните години.

,,Време е за промени во Чучер Сандево. Време е општината да ја води човек кој знае како изгледа секојдневниот живот токму тука. Човек што апсолутно секој ден е на терен, меѓу сите вас, меѓу народот. Тој секогаш се враќа кај секој еден граѓанин. Зоран е вистинскиот избор, тој ја носи посветеноста и одговорноста која недостига во последните години“, кажа Мисајловски и додаде:

,,Со искуство и решителност, тој е подготвен да ја врати довербата и да се избори за многу проекти, за подобра иднина на Чучер Сандево. Не ветува невозможни работи, туку конкретна работа и присуство таму каде што е најпотребно. Со Зоран Бајовски, на чело на Чучер Сандево ќе се врати редот и одговорноста, ќе се слуша секој глас тука, Ќе се почитува секој човек, ќе се работи домаќински за да има нови проекти, нови инвестиции нови улици, нови паркови И училишта, но и надеж за сите граѓани на Чучер Сандево“.

Мисајловски повика на масовна излезеност на 19 октомври, со цел да се направи вистинскиот избор, односно човек кој што знае што значи да се работи за народот.

Затоа повикувам, на 19 октомври излезете масовно да покажеме дека Чучер Сандево знае да избере чесност наместо интерес, да избереме работа наместо зборови, да направиме вистински избор, да избереме луѓе кои знаат што значи да се работи само за народот“, заклучи Мисајловски.