Да не ги плашам граѓаните, но еве јас имам некои информации дека бензините можно е да поскапат повторно за уште 10 денари, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во емисијата „Што не е јасно“.
-Има регулаторно тело што треба да излезе и да го каже тоа. Знаете ли зошто? Зато што многу компании треба да имаат предвидливост на случувањата. Замислете со овој ценовен шок колку граѓани се погодени? Платите не се креваат, остануваат исти. Се зголемува зејтинот, брашното, сите намирници, потрошувачката кошничка. Но ако гледате во целокупната економија во Македонија, колку транспортни компании ќе имаат проблем? Зборам од Македонија, надвор. Исто така оние што ќе носат храна, намирници и слично, ќе ја зголемат исто така и цената на сите производи. Така што ако овој месец ако имаме зголемување на цените, следниот месец тоа ќе биде поголемо, истакна Мисајловски.
Како што рече тој, ова ќе се должи на зголемувањето на цената на струјата, бидејќи како шт рече, Македонија купува многу скапа струја.