Денеска на армискиот полигон „Криволак“ беа демонстрирани вештините на припадниците на Баталјонот за специјални сили „Волци” кои заедно со своите колеги од шест сојузнички земји и една земја-партнер од Балканот ја реализираат вежбата „Wise wolf 2024“, информира министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Министерот упати честитки за над 120-те учесници на вежбата кои покажаа високо ниво на вештини и способности.

-Тие ја постигнаа својата цел во развојот на интероперабилноста и дадоа свој придонес кон јакнењето на регионалната соработка која е клучна во зацврстувањето на безбедноста и стабилноста на Балканот, посочи Мисајловски.