Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски вечерва во своето гостување во Дневникот 2 на МРТВ истакна дека на маса е предлог за мир во Украина и дека тоа е новата геополитичка слика.
-Она што целиот свет сега може да го види, новата геополитика, или новата реалност, а тоа е на масата се става се става предлог за мир, изјави министерот Мисајловски.
Можеби за многу европски земји ова беше изненадување, но претседателот Трамп ова го најавуваше во изборната кампања.
-Иако, ова за многу европски земји ова можеби беше наеднаш, но се ова беше најавено во кампањата на претседателот Трамп и оваа реалност со нови контури со нови размислувања како да се постигне мир е новата слика и новата геополитика и натака сите треба да размислуваме, истакна Мисајловски во Дневникот на МРТВ.