Денеска земав учество на меѓународниот саем за одбрана – SAHA EXPO 2024 кој започна денес во Турција и го отвори мојот колега, турскиот министер за национална одбрана Јашар Гулер. На саемот остварив повеќе средби со претставници на турски компании од наменско производство и се запознавме со дел од најновите техничко-технолошки достигнувања на полето на одбраната, напиша на својот Фејсбук профил министерот за одбрана, Владо Мисајловски.