МИСАЈЛОВСКИ: Наместо на избори, тие прават спин со т.н „нова влада“

/ 18.12.2021

Ние имавме одлична соработка на последните локални избори со Алтернатива. Јас тоа не го кријам, го кажувам, мислам дека и минатиот пат тука и ќе го кажувам, но онаа нивна реторика дека евроинтеграциите само што не се случиле, нема врска со реалност. Македонија е уморна, народот е веќе разочаран, изјави во дневникот на Сител, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

-Да ги замолам сите тие политичари да не ги креваат толку многу очекувањата, бидејќи на крајот народот пати. Знаете, на секој три или шест месеци се креваат очекувањата кај народот дека е завршена работата. Не е завршена работата. Во Македонија на секоја една реформа треба да се направи нова реформа, бидејќи старата не функционира. Видете што се случува, на граница ви поминува автобус 130 пати без никој да го примети, имаме жртви насекаде, имаме потоп во здравство, имаме енергетска криза, се краде струја за потребите на државата од европските земји…, истакна Мисајловски.

Мисајловски ја искоментира и одлуката на Кастриот Реџепи и порача дека тој со сигурност н е поголем европеец од него или некој друг.

Тие зборуваат дека се многу квалитетни, многу се јаки, зборуваме за ДУИ и за СДСМ. Ајде тогаш бујрум на избори. Народот добро знае што се случува во општеството, на последните локални избори кажа за кого е, односно најгласно викна дека е за промена во Македонија, народот тоа го бара. И сега видете они сакаат некој спин да направат „нова влада“. Не може вие после пет години да правите нова влада, со истите кадри, со луѓето кои ќе ве контролираат од позади или ДУИ да промовирате дека ќе прави нова влада која цел живот е во институциите во Македонија, истакна Мисајловски.


Од истата категорија