МИСАЈЛОВСКИ: Нека кажат здравствените власти дека пандемијата е стивната целосно, па да разговараме за избори

/ 06.05.2020

Вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски имаше вклучување во вестите на Канал 5 каде што посочи дека избори би требало да има кога здравствените власти ќе соопштат дека пандемијата во Република Македонија е стивната и нема да има новозаболени.

-Здравствените власти треба да кажат дека епидемијата односно пандемијата е стивната целосно и дека може да се реазлизираат избори во Република Македонија. Ние како опозиција особено јас навистина сакам да има избори, но здравјето на граѓаните ние пред се, нагласи Мисајловски.

Мисајловски додаде дека се шпекулира како изборите ќе се одржат со што граѓаните ќе носат маски, со ракавици и скафендери. Но едно е јасно како и да се одржат изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и сака да има избори, но сепак најважно од се е здравјето на граѓаните.

Треба барем да се има нормална кампања каде граѓаните навистина ќе можат комотно да излезат и да гласаат на изборите. Бидејќи пред се политичките партии постојат поради граѓаните.

 


Од истата категорија