Денеска, сведочиме на нов голем бран на новозаболени од корона вирусот. Тоа укажува на тоа дека здравствената ситуација во Република Македонија, за жал, е лоша и нестабилна, напиша на Фејсбук, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Тој додава:
Во овие моменти, не се потребни политички препирања, но несериозно е пред јавноста да се вели дека пандемијата е под контрола поради наводното знаење на кластерите, а секојдневно да сведочиме на рапидно растење на бројот на новозаболени и за жал, починати луѓе.
Владата мора итно да направи стратегија која ќе биде од полза на граѓаните и нивното здравје, бидејќи правецот на движење моментално покажува дека се движиме во слепа улица која резултира со губење на човечки животи. Затоа, надлежните институции нека се фокусираат на борбата со пандемијата и на тоа да се спасат што е можно повеќе човечки животи, а изборниот процес е неминовен и тој ќе се случи кога ќе бидеме сигурни дека негово одржување нема да влијае на здравјето на нашите граѓани.
Граѓаните и нивното здравје се наш приоритет, тие се пред и над се!- дециден е Мисајловски.