Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во втората изборна единица, Владо Мисајловски попладнево го помина на кафе дружба со младите од Бутел на која присуствуваше и градоначалникот на Општината, Дарко Костовски.
-Младите се полни со енергија, мотивирани и спремни за промени. Заедно со младите ќе ја градиме иднината и ќе ја направиме Македонија повторно горда! Македонија повторно твоја! Промените во твои раце, објави Мисајловски на Фејсбук.
Претходно тој оствари средба со пензионери, а од Ѓорче Петров порача:
Денеска официјално започнува нашата кампања, кампањата за новата претседателка, Гордана Силјановска Давкова. Затоа велам нашата, бидејќи Гордана Силјановска Давкова е жена која ќе ги донесе промените.
Денеска традиционално тука од Ѓорче Петров имаме една убава можност да започнеме на терен, да се гледаме со граѓаните да разговараме и да ги кажеме сите оние наши работи што ќе ги ветуваме наредниот период.
Мене ми е драго што во овие избори имаме две кампањи. Прво започнува кампањата за претседателски избори и после за две недели од сега од прилика почнува и кампањата за парламентарни избори.
Но, сепак најважно од се што е?
Да ги повикаме сите граѓани да ни се приклучат!
Сакам од тука да ги повикам сите граѓани од Ѓорче Петров во изборната единица 2, но и насекаде во Македонија да ни ја дадат поддршката, да ја дадат поддршката за Гордана Силјановска Давкова, а се разбира да направиме мобилизација на секаде во Македонија и да ја направиме најголемата победа бидејќи навистина ни треба огромна победа
Ни треба победа пред се за нов претседател на Република Македонија во ликот и делото на Гордана Силјановска Давкова, но ни треба и промена на власта.
Сето тоа можеме да го направиме само заеднички, заеднички за промените да започнат. Доста беа црнила, ќе слушнете од власта еден куп црнила, црни кампањи.
Ние сме тука да го започнеме позитивна кампања. Сакаме да донесеме надеж, сакаме да донесеме промени. Сакаме секој еден човек во државата да биде задоволен и граѓаните да бидат на прво место.
Затоа тргнуваме со позитива од првиот ден, тргнуваме насекаде низ Македонија, посебно во ИЕ 2 да ги кажеме нашите размислувања, да ги слушнеме и критиките од граѓаните. И да направиме една заедничка победа за сите граѓани.
Сакам само да се заблагодарам на сите граѓани вчера што дојдоа на преубавиот митинг и настан ан ВМРО-ДПМНЕ тука во Скопје. Направивме заедничка историја. Никогаш немало толку граѓани на еден собир во Скопје и затоа може да се почувствува енергијата од секаде што доаѓа. Значи имаме нова енергија, сплотување насекаде и да си го направиме оној заеднички патриотизам кој ни е потребен.
Да се сплотиме сите и да победи Македонија!