После 30 години конечно нов објект во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ Скопје. Денес министерот за одбрана, Владо Мисајловски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски присуствуваа на поставување камен темелник за
нова спортска сала во воената академија.
– После 30 години конечно армијата доби објект кој е од големо значење за питомците во воената академија, но истото така и за сите припадници на армијата, рече министерот Мисајловски
Тој се заблагодари на владата и на Министерството за спорт за овој проект во вредност од 64.780.000 денари.
– Исто така сакам да кажам дека не застануваме тука, продолжуваме со нови проекти. На последната седница на владата беа поминаа и два нови проекти за реконструкција на Домот на АРМ и хотелот Шар на Попова Шапка. Тоа значи дека следната година ќе реализираме уште два значајни проекти за армијата, додаде Мисајловски.
Министерот исто така на новинарско прашање даде одговор во врска со набавката на италијанските хеликоптерите. Тој потенцираше дека секојдневно ги надминуваат правните предизвици околу набавката.