Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска беше гостин во Дневникот на телевизија Сител каде зборуваше за корумпираната власт и лошиот систем предводен од СДСМ.
Тој во врска со случајот за смртта на ракометарот Денис Тот вели дека не смее да се сокрие убиство и оној кој направил убиство на било каков начин мора да оговара.
-Јас ги повикувам невладините организации кои порано беа многу гласни, сега може станале владини, не знам и ги поздравувам ако реагирале, проблемот е што граѓаните не веруваат во еден куп различни информации од многу портали, медиуми, а впрочем и самите институции дадоа различни гледишта на тоа што се случило вечерта. Прво немало насилство, па немало, па имало снимка, но јас апелирам да има разрешница на сето ова, а не некој од политиката да се меша во сето ова. Јас го поздравувам вонредниот инспекциски надзор кој го нарача министерот за здравство и не може граѓаните да веруваат во еден громорозен чин дека е претепан, а потоа да се каже дека имал удар во главата, па немало и така натаму, рече Мисајловски.
Тој вели дека СДСМ пробаа на друг начин да ја префрлат вината за убиството на ракометарот.
На прашањето во врска со штрајкот на СОНК Мисајловски вели дека СОИНК има голем притисок од власта.
-Веќе на социјалните мрежи има доста реакции по изјавите на надлежните, па и премиерот преку статус повика да не се протестира. Уставна категорија е на секој еден да протестира, ние како партија даваме поддршка за штрајкот на СОНК, рече Мисајловски.
Тој вели дека власта и владата знаеше дека ќе дојде до овој чекор.
-Настанува во Македонија тотален хаос, сакаа со брзоплети мерки да направат некој балон да пукне и да покажат дека се добра влада и да ја качат минималната плата, а со тоа мора и да се дозволи на сите да имаат поголема плата, рече Мисајловски.